Искористете го летото за да ја примените оваа несекојдневна диета. Се нарекува сончева диета бидејќи вклучува храна која има исклучиво жолта боја.
Да напоменеме дека се работи за брза диета. За 8 дена би требало да изгубите до 4 килограми доколку правилно ја изведете. Исто така треба да напоменеме дека оваа диета не треба да се применува повеќе од 8- 10 дена.
Намирниците кои се ви потребни за оваа диета треба да имаат жолта боја. Овде можете да вклучите: дуња, тиква, кајсија, жолти јаболка, диња и сл. Целта е во денот да внесете по 500 грама жолта храна. Но, во тие 500 грама мора да вклучите најмалку 4 различни жолти намирници. Притоа можете да внесувате многу вода и жолти сокови.
Кога сме кај соковите мора да напоменеме дека и тие се вклучени исто како одреден продукт, значи и жолтиот сок се брои во различната жолта храна.
Како и секоја диета и оваа би било пожелно да се зачини со редовна телесна активност, бидејќи така би имала најдобри резултати. Добра е што не ве ограничува кога и колку да јадете, едноставно треба да бирате продуктите да бидат жолти.
Важни напомени:
- Оваа диета не е за хоронично болни
- Оваа диета не е за трудници и доилки
- Оваа диета не смее да трае повеќе од 10 дена
Објавено во соработка со За Здравје.