Премалку сон – преголема опасност по здравјето

Поради побарувачките на работата и семејството, многу луѓе едвај запираат од зора па до полноќ, на кој начин го скратуваат спиењето, што дополнително може да доведе до болест на срцето и развој на мозочен удар.

Научниците од Медицинскиот центар во Warwick откриле дека сонот кој трае помалку од 6 часа го зголемува ризикот од смрт од кардиоваскуларни болести за речиси 50%, а ризикот од умирање од мозочен удар за 15%.

Франческо Капучио, професор по кардиоваскуларна медицина и епидемиологија и д-р Мишел Милер, дошле до овие заклучоци по 25 годишното истражување на 470.000 лица од 8 земји. Капучио вели: „Очекувањата во денешното друштво зборува за повеќе обврски. Целата борба во балансот помеѓу работата и животот предизвикува премногу потрошено драгоцено време за спиење, а сè со цел да се завршат работите за кои веруваме дека се очекува од нас да ги завршиме„.

„Но, спроведувајќи го тој начин на размислување, значително го зголемуваме ризикот од мозочен удар или развој на кардиоваскуларни болести, на пример – срцев удар“. Професорот продолжува во објаснувањето на темата: „Доколку спиете помалку од 6 часа во ноќта и згора на тоа имате пореметен сон, имате 48% поголема веројатност од развој или умирање од болест на срцето и 15 % поголема веројатност од развивање или умирање од болест на крвните садови на мозокот“.”

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

Трендот на доцните вечери и раните утра е всушност темпирана бомба за нашето здравје, па затоа мора веднаш да дејствувате за да го намалите ризикот од развој на повеќето различни болести опасни за животот.

Оптималното време за спиење е помеѓу 7 и 8 часови, покажало истражувањето, додека спиењето на повеќе од девет часа може да биде показател на други здравствени проблеми. На научниците им е сè уште нејасно како точно недостатокот на сон му штети на кардиоваскуларниот систем, или дали воопшто постои причинска врска.

Но, Капучио изјавува дека постојат повеќе докази дека сонот влијае на ендокриниот систем, кој го регулира производството на хормони. Недостатокот на сон исто така може да доведе до пореметување на толеранцијата на глукозата односно намалена чувствителност на инсулин, што може да доведе со развој на дијабетес, како и до висок крвен притисок.

Минатата година, Капучио објавил преглед на 16 истражувања кои вклучувале вклупно 1,3 милиони лица, а кои покажале како луѓето кои спиеле помалку од шест часа на ноќ имаат 12 % поголема веројатност да починат пред 65-тата година од животот, за разлика од оние кои спиеле помеѓу 7 и 8 часа.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -