Сомнителна руска фирма се обидела да влезе на тендер за набавка на специфична опрема во Министерството за одбрана

Сомнителна фирма со руски капитал се обидела да влезе на тендер за набавка на специфична опрема во Министерството за одбрана, посочија од Министерството на денешниот брифинг со новинарите каде присутна беше министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Беше посочено дека фирмата е регистрирана во земја членка на ЕУ за да се прикаже како релевантна на пазарот, меѓутоа во постапката уште пред да биде направена безбедносната проверка, македонските разузнавачки служби алармирале дека станува збор за сомнителна руска фирма.

– Тоа беше индикативно, затоа што првата фаза која помина, понудата на оваа фирма беше од прилика скоро иста со останатите две фирми, значи не се разликуваше многу, може за некои стотина илјади евра, меѓутоа во втората фаза спуштија неверојатно ниско, скоро 50 отсто поевтина сума и тоа ни го потрврди сомнежот дека по секоја цена сакаат да го земат, посочи Петровска.

Прочитајте и:  Наришкин по измените во нуклеарната доктрина: Улогата на НАТО во украинските ракетни напади на Русија нема да помине неказнето

Според Кривичниот законик, Петровска вели нема основ за кривично дело, но заштитата на безбедноста на државата треба да се крене на повисоко ниво.

– Правиме некои анализи веројатно ќе треба Законот за јавни набавки да се промени, затоа што во општиот закон, освен за законот од областа на одбраната и безбедноста, се вели дека најниската цена добива. Ние не можеме да си го дозволиме тоа, дури кога набавуваме и храна за Армијата не можеме да си дозволиме најниска цена, затоа што треба да внимаваме на квалитетот, бидејќи ние набавуваме буквално сѐ, вели Петровска.

- Реклама -