Маж кој плаче навистина може да ги возбуди жените…барем во светот на глувците. Испитувањата на животинските феромони отидоа дотаму што сега точно се знае кој феромон како влијае на женката и од каде потекнува тој феромон. Кај глувците, сè што треба е да заплачат.
Маж кој плаче навистина може да ги возбуди жените…барем во светот на глувците. Испитувањата на животинските феромони отидоа дотаму што сега точно се знае кој феромон како влијае на женката и од каде потекнува тој феромон. Кај глувците, сè што треба е да заплачат.
Според едно ново испитување, солзите на машките глувци содржат секс феромон наречен ESP1, при кој рецептивните системи на женските глувци растат. Иако за секс феромоните е познато дека имаат сличен ефект и кај други животни, оваа нова студија покажува како тие работат „на молекуларно ниво како и на мозочно ниво“, вели ко-авторот на испитувањето, Казашиге Тухара од Универзитетот во Токио.
Машките глувци испуштаат солзи за да спречат нивните очи да не се исушат. Додека тие го прават тоа, феромонот во солзите се раширува околу нивните тела и гнезда. Кога женка глушец ќе дојде во контакт со мажјак или неговото гнездо, тие го примаат феромонот преку рецепторот за мирис наречен vomeronasal или V2Rp5, каде што феромонот се поврзува со одреден протеински рецептор. По контактот, феромонот се испраќа кон одредени секс региони во мозокот на женката. Тогаш е поверојатно дека женката ќе ги зголеми своите рецептори за три пати повеќе и ќе биде сексуално расположена.
„Солзите на луѓето го немаат генот кој е во кодот на ESP1 и неговите рецептори, па луѓето, односно мажите, нема да можат да шират сексуална хемија кога ќе ја покажуваат својата нежна страна“, забележи Тухара. „Работата е што, во човечкото општество не користиме хемиска комуникација повеќе, бидејќи имаме добро развиен вид – за да ги визуализираме и споредуваме атрактивните партнери, а и го користиме јазикот.“
Но, со резултатите од ова испитување ќе може подобро да се контролира популацијата на глувците. Тимот на Тухара аплицираше за да го патентираат овој феромон како алатка за „зголемување на шансите за парење кај лаботориските глувци“, според кажувањата на Тухара. [Mouse Tears Are Aphrodisiacs]