Уште еден Ф4 со константен наплив на емоции, констатира EHF, истакнувајќи го извонредниот пресврт што Вардар го оствари против Барса во саботата, а потоа и тешкиот пораз што Веспрем го доживеа вчера, во финалето.
По целата таа емотивна бура и ракометно чудо пред кое цела Европа ја симна капата, сосема оправдано е што четири од петте најдобри изјави/цитати според EHF доаѓаат токму од редовите на македонскиот paнет, а сепак непобедлив ракометен џин.
Изјавите:
5. Кентин Махе, Веспрем: „Тажен сум, но уште повеќе ми е жал за Ласло (Наѓ) и Момир (Илиќ). Такви извонредни кариери да завршат со таков пораз, тоа е повеќе од штета“.
По четврти пат во финалето овие двајца извонредни ракометари мораа да проголтаат пораз. Така беше во 2002, 2015-та, 2016-та година и сега. Ракометарите на Веспрем ќе беа пресреќни да им овозможат шампионска точка на кариерите. Но ете, Вардар имаше поинаков план.
4. Роберто Парондо, Вардар: „Ова натпреварување е најдоброто натпреварување за ракометот. Ни требаат повеќе од овој тип настани. Извонредно е да се биде тука како победник“.
3. Рожерио Мораеш, Вардар: „Во овие тешки времиња за тимот, титулата е уште поважна од првата во 2017-та“.
Додека клубот се соочува со неизвесна иднина, играчите играа единствено водени од љубовта кон ракометот. И докажаа дека со право играа, констатира EHF.
2. Кристиан Дисингер, Вардар: „Веројатно можеме да очекуваме 100.000 луѓе на улиците. Нашите фанови нè поддржуваат како луди“.
1. Кој друг ако не Столе Стоилов, Вардар: „Ова е нашиот хепиенд и голема победа за нас и мојата земја“.