Прва соло-песна на Питер Бак

Гитаристот на американскиот рок-состав R.E.M. Питер Бак, конечно одлучи да создаде своја соло-песна, откако групата се распадна минатата година.

Песната насловена 10 Million BC треба да се појави на првиот солистички албум на Бак, иако засега останува непознато како тој ќе биде насловен и кога ќе биде достапен за преслушување. Сепак, во март беше потврдено дека Бак работи на својот носач на звук, а тоа ќе биде првиот музички материјал на некој член од R.E.M., по нивниот распад во септември, минатата година.

Пејачот Мајкл Стајп категорично ги отфрли идеите дека би можел да започне самостојна музичка кариера, а басистот Мартин Милс, пак, одби да ја коментира својата иднина.

{youtube}htzUUzec_Ak{/youtube}

- Реклама -