Додека погледите на целиот свет се насочени кон новиот Model 3, Tesla тивко се подготвува да направи револуција во домаќинствата. Компанијата официјално потврди дека нејзините нови фотосоларни покривни конструкции ќе бидат поевтини од обичниот покрив.
Tesla влезе во овој бизнис со купување на 85% од капиталот на Solar City минатата година, по експлицитна препорака на својот главен извршен директор Илон Маск. Самиот Solar City бил создаден од Маск од неговите двајца братучеди и уште при првата зделка претприемачот ја увери јавноста дека компанијата ќе понуди на пазарот нешто ново и прифатливо. Тоа се достапни соларни панели и струјата од нив ќе доаѓа како бонус.
Сега Solar City конечно ги објави цените и тие навистина изгледаат подобро од конвенционалните покриви (барем во САД). Соларни панели чинат околу 233 долари по квадратен метар. Извештаите на клиентите проценуваат дека нормалниот соларен покрив на американска куќа ќе чини во просек 65.000 долари. Поточно кажано, тоа не е поевтино од ќерамидите, но ако го додадете произведсвото на електрична енергија, тогаш сметката е поинаква. Публикацијата проценува дека со покривот на Solar City корисниците ќе заштедат 2.000 долари годишно за 30 години.
Компанијата работи со ист маркетинг метод како за автомобили – во моментов прифаќа претходни нарачки против депозит од 1.000 долари. Оние клиенти кои се запишуваат и потоа размислуваат, го добиваат својот полн депозит назад.