Ако се чувствувате уморни, не правете кафе, туку испијте еден сок од портокал.
Научните истражувања докажуваат дека портокалите ја зголемуваат концентрацијата, и тоа, најмногу во споредба со сите останати напитоци и природни сокови. Интересно е што неговиот ефект трае со часови и овозможува голема продуктивност.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека луѓето кои пијат сок од портокал за појадок остануваат будни во текот на денот, што значи дека ова овошје може да послужи како одлична замена за кафето.
Се смета дека ефектот на сокот од портокали се должи на флавоноидите кои се содржат во цитрусовите сокови. Тие го подобруваат протокот на крв во мозокот и го олеснуваат протокот на информациите помеѓу мозочните клетки.