Согорувајте 9 пати повеќе калории!

Вежбање Сте започнале да вежбате редовно, а резултатите не се во склад со вашите очекувања? Ви нудиме неколку тајни кои ќе ви помогнат поефикасно да ги согорувате калориите, а воедно и ќе ви ја подобрат здравствената состојба. Проверете.

Сте започнале да вежбате редовно, а резултатите не се во склад со
вашите очекувања? Ви нудиме неколку тајни кои ќе ви помогнат поефикасно
да ги согорувате калориите, а воедно и ќе ви ја подобрат здравствената
состојба. Проверете.

ВежбањеМенувајте го интензитетот на вежбите!

Истражувањата покажаа дека менувањето на интензитетот на вежбите ја зголемува ефикасноста, а воедно ја подига и мотивацијата (убивајќи ја монотонијата). Ако трчате, возите велосипед или изведувате некоја друга кардиоваскуларна вежба (на направа или без неа), менувајте го темпото. Држете умерен ритам, а потоа во куси интервали, наизменично забрзувајте. Тоа ќе согори 9 пати повеќе калории и многу побргу ќе ве однесе до посакуваната цел. Ако вежбате со тегови или правите склекови, менувајте го бројот на серии што ги правите дневно, како и тежината што ја користите.

Вежбајте релаксирано!

Наместо да се грижите околу тоа дали имате време за вежбање, едноставно започнете со физичка активност. Телото многу подобро реагира кога сте психички опуштени. Одвојте време за физичка активност, зашто не постои ништо поважно од вашето здравје!

Заборавете го телевизорот!

Истражувањата велат дека луѓето што гледаат повеќе од 2 часа телевизија дневно имаат 23% поголема склоност кон дебелеење. Исклучете го телевизорот и започнете со вежбање. Ако ви е важно она што го гледате, снимете го или симнете си го од интернет (така ќе можете да ги скокнете рекламите – особено оние за храна!) и ќе заштедите време. Треба да знаете оти за секои 2 часа гледање телевизија се препорачува половина час физичка активност.

Најдете пријател!

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

Прилично едноставно – луѓето кои имаат партнер за вежбање, вежбаат далеку поредовно. Поддршката од пријателите е многу важна за психата.

Запазете ја редовноста!

2 дена без вежбање се доволни за клетките да се зголемат за 25%. Затоа, гледајте да одвоите барем половина час секој ден (повеќе ако целта ви е намалување на тежината) и секогаш правете комбинација од кардиваскуларни вежби и вежби за зацврстување.

Почекајте!

Веднаш штом ќе започнете со вежбање, телото доживува позитивни клеточни и молекуларни промени, но вие нема да го забележите тоа, зашто организмот се прилагодува на позитивната промена во вашите навики. За да видите дека сте симнале килограми, потребни се од 30 до 42 дена. Тогаш, на вагата (во зависност од интензитетот и навиките во исхраната) ќе покаже од 6 па до којзнае колку килограми помалку! Не можете да ги забележите дневните разлики зашто се премногу суптилни. Затоа, не се мерете некое време и бидете истрајни во вежбањето. Кога најпосле ќе се измерите, ќе добиете мотивација која ќе ве натера да посакате никогаш да не се откажете од вежбање.

 

- Реклама -