Согнефјорд во Норвешка претставува трет по големина фјорд во земјата и воедно најдолг во целиот свет (250 km). На некои места неговата длабочина достигнува и до 1308 метри под надморската височина. Голем број на села се протегаат во филијалите на фјордот, така што комфортниот туризам е загарантиран. Местото изобилува со фасцинантни пејсажи кои претставуваат вистински рај за очите. На крајот на Согнефјорд се наоѓаат три спектакуларни цркви кои воедно важат за најпознати средновековни цркви во Норвешка.