Чипката е секогаш добро решение, кога сакаме да бидеме елегантни и да ја акцентираме својата женственост.
Без разлика дали ќе изберете фустан, блуза, здолниште или некој акцент, ефектот е загарантиран и нема да згрешите. Со доаѓањето на есента е добро да размислиме не само за вкупната визија, туку и за личниот комфор и топлина.
Во согласност со есенското ветре и модни трендови може да се комбинираат саканиот фустан или здолниште со некој топол џемпер, класичен тренч или со вашата омилена јакна. Во случај да сакате да се обложите на секојдневна визија, може да се избере некоја прекрасна чипка блуза и да ја комбинираме со старите избледени фармерки.
Ви предлагаме да разгледате неколку многу добри и интересни примери кои ќе ви помогнат да откриете повеќе причини и поводи да носите чипка.