Софија го повлече амбасадорот, можно е ново вето и прекин на сите проекти

Министерот за надворешни работи на Бугарија – Николај Милков, попладнево изјави дека бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов, кој беше викнат во Софија за да реферира „од прва рака за ситуацијата на Бугарите и односот кон нив“, ќе остане надвор од земјава сѐ додека, како што рече Милков, Бугарија не види знаци на промена.

Милков и Ангелов беа сослушани на Комисијата за надворешна политика на покана на претседателката на комисијата – Екатерина Захариева, а по повод претепувањето на Христијан Пендиков. Во изјава за медиумите Милков рече дека „ако Северна Македонија продолжи да се однесува така, возможно е повторно Бугарија да постави вето“.

„Македонија за да продолжи по својот европски пат мора да ги почитува преземените обврски во рамки на европскиот предлог. Нема потреба Бугарија да прави ништо, туку да обезбеди почитување на обврските што Македонија ги презеде. Во самиот предлог нема рокови, тие може да не ги исполнат со децении, што значи дека нема да почнат преговори“, изјави Милков.

Прочитајте и:  Бугарскиот амбасадор повикан во МНРНТ, изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол и побарано дополнително објаснување

Тој додаде дека Софија останува отворена за дијалог ако се разгледуваат проекти „за заштита на Бугарите во Северна Македонија“.

„Ако тоа не се случи, можеме да ги стопираме сите други меѓувладини проекти“, рече Милков.

Извор: МИА

- Реклама -