Премиера на Machete Kills: Софиа Вергара топ од глава до пети

Таа е вооружена и смртоносна во новиот филм „Machete Kills“, но на црвениот килим на премиерата на филмот во Лос Анџелес, Софиа Вергара не изгледаше воопшто опасно.

Таа се појави во долг црн фустан. Проѕирниот материјал ги откри нејзините нозе. Освен за стајлингот, таа добива чиста десетка и за сјајната фризура. Погледнете ја сензуалната Вергара и другите актери од филмот меѓу кои Мел Гибсон, Алекса Вега, Парис Хилтон…

- Реклама -