Прекрасната колумбиска актерка Софиа Вергара „им се врати на корените“.
Верувале или не, оваа популарна актерка е природна русокоса, но кога стигнала во Холивуд ја обоила косата во кафена за продуцентите да ја сфатат посериозно и да престанат да ѝ нудат улоги на „глупава убавица“.
Сепак, ѕвездата на серијата „Modern Family“ сакала да направи промена во својот изглед и реши да ја обои косата. Фотографијата од новиот имиџ ја објави на Instagram и на Twitter и напиша „Русокоса амбиција!Благодарение на неверојатната Кели Клајн спремна сум за летото!“.
Како ви се допаѓа русокосата Софиа?