За да го подготвите ова вкусно, сезонско јадење поребни ви се следниве состојки:
600 грама црно грозје, 260 г. брашно, 2 јајца, 3 лажички масло, постофат сол, половина лажица сок од лимон, рендана кора од лимон, 100 г. шеќер, 50 г. презла, 50 г. путер и шеќер во прав.
Подготовка:
Во сад сипете брашно, сол, едно јајце, масло, сок од лимон и 4-5 лажици вода, измешајте лесно тесто, измотајте во пластична фолија и оставете на собна температура 50 минути. За тоа време, на загреан путер испржете ја презлата и оладете ја.
Работната површина посипете ја со брашно, развојте тенко тесто, премачкајте на мрсна хартија, посипете ја пезлата и распоредете ги зрната грозје помешани со шеќер. Со подолгата страна од тестото преклопете така што ќе се покрие грозјето, изролајте штрудла, добро притиснете со рацете и премачкајте со изматено јајце.
Штрудлата ставете ја во тепсија обложена со мрсна хартија и печете во рерна на 200 степени околу 40 минути. Посипете со шеќер во прав, исечете на кришки и сервирајте.