Претседателот на Собранието – Талат Џафери, заедно „со други претставници од политичкиот живот во земјата“, се приклучи на активностите кои традиционално се организираат во Република Косово за одбележување на годишнините од основањето на Ослободителната војска на Косово, информира собраниската прес-служба.
„Оваа година се чествува јубилејна 25. годишнина од таа Епопеја и покрај другите настани, претседателот Џафери, со положување на венец свежо цвеќе на гробот на основачот на ОВК, легендарниот херој Адем Јашари и целото храбро семејство Јашари во Меморијалниот центар во Преказ, Дреница, ја изрази неговата почит за храбриот отпор на целото семејство Јашари чија што пожртвуваност, борба за слобода и ослободување на татковината беше многу поважна од нивниот личен живот кој што го положија за отворање на патот кон една многу повисоката цел“, се вели во соопштението на официјалниот вебсајт на македонското Собрание.
Целиот настан се одвива(л) во присуство на истакнати актуелни и поранешни борци за слобода, политички претставници од земјата и регионот и членови на семејствата на соборците, посочуваат од собраниската прес-служба, додавајќи дека „Меморијалниот центар во Преказ е најважниот и најтажен споменик на борбата за слобода и потсетник кој што ги инспирира и актуелните и идни генерации да не го заборават аманетот на претходните генерации“.