Собраниската седница за францускиот предлог е закажана за во четврток

Пратениците денеска преку СМС порака биле информирани дека седницата на чиј дневен ред ќе биде Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка ќе се одржи во четврток во 13 часот. Ова го потврдија за МИА извори од Собранието.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието сѐ уште немаат излезено со официјална информација за седницата.

Mеѓутоа, како што соопшти собраниската прес-служба, Владата согласно барањата од вчерашната координација во Собранието попладнево доставила до Собранието дополнување на Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка, а документите се доставени до сите пратеници.

Извор: МИА

Прочитајте и:  Инцидент во Собранието, за малку избегната физичка пресметка меѓу Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ
- Реклама -