Собранието нема истражни и судски надлежности од кои би произлегла обврска на парламентот да истражува „такви работи“, вели собранискиот спикер Талат Џафери во однос на изјавата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски дека меѓу нив, пратениците, седи и таков кој бил осуден за силување на жена.
Џафери појаснува дека преку посебна процедура во Државната изборна комисија сите пратеници мораат да потврдат, со потврда од соодветните судски инстанци, дека немаат такви дела. Претседателот на собранието истакна и дека не верува дека постои суд во државата што би издал таква потврда на некој кој бил осудуван за силување.