Соборен европскиот рекорд во крводарување

krvodariteli-Македонија го собори европскиот рекорд во крводарување според собраните
единици крв по однос на големината на државата и ќе добие посебно
признание за најдобро организирана крводарителна акција во Европа.

Македонија го собори европскиот рекорд во крводарување според
собраните единици крв по однос на големината на државата и ќе добие
посебно признание за најдобро организирана крводарителна акција во
Европа.

krvodariteli_small

Станува збор за крводарителна акција спроведена во 12 земји од Југоисточна Европа во која биле собрани околу 8.500 единици крв.

– Најмногу крв беше собрана во Унгарија, потоа во Полска, а на трето место е Македонија. Но, според големината на државата, најмногу крв е собрано во Македонија, односно 1.547 единици крв – изјави Глигор Новачевски од Црвениот крст на Македонија, одговорен за крводарителство.

Акцијата за крводарување во Македонија најуспешна беше во Битола со 214 единици крв, во Скопје 200, во Штип 171, во Велес 110, во Виница 105 единици крв.

Македонскиот црвен крст очекува Гинис да го признае постигнатиот европски рекорд во крводарување. Гинисовиот рекорд во крводарување е постигнат во Индија во 2004 година, кога за 24 часа биле собрани 16.000 единици крв.

По повод Светскиот ден на крводарителството, во Охрид во саботата беше откриена бистата на основачот на Меѓународната организација на Црвениот крст и добитник на Нобелова награда за мир во 1901 година, Анри Динан. Бронзената биста е подарок од Друштвото на Анри Динан од Женева. Спомен -обележјето беше поставено пред зградата на општинската организација на Црвениот крст, а на свеченоста присуствуваше и претседателот на Друштвото на Анри Динан од Женева, Рожер Дуран.

виа.

- Реклама -