Кога Романија стана дел од Европската Унија во 2007-та година, мораше да направи одредени измени. Дел од тие измени беше и што секој затвор во земјата мораше да добие „соба за интимност“ – простор каде што затворениците ќе поминуваат интимно време со нивните љубовни партнери/ки.
Во текот на неколку години, фотографот Космин Бумбут ги фотографирал овие новосоздадени ќелии, во сите 40 затвори во земјата. Неговата фото-серија Intimate Room детално ја документира атмосферата во нив.
Во суштина, овие соби се само поинаков вид на ќелии, направени за да ги исполнат параметрите поставени од Европската Унија. Според тие параметри, секој затвореник има право на двочасовна посета од неговата сопруга/девојка, на секои три месеци. Ако затвореникот се ожени додека е во затвор, тој или таа има право да помине 48 часа по свадбата во интимната соба, и дополнително да биде посетуван/а еднаш месечно за време на првата година од бракот.