Со УВ светла до вистинскиот изглед на грчките антички скулптури

Повеќе...Со помош на ултравиолетовите светла, сега можеме да го видиме оригиналниот изглед на старите грчки скулптури. Со оваа технологија ќе се може да се видат статуите со нивните оригинални бои, кои со текот на времето исчезнале.

Со помош на ултравиолетовите светла, сега можеме да го видиме оригиналниот изглед на старите грчки скулптури. Со оваа технологија ќе се може да се видат статуите со нивните оригинални бои, кои со текот на времето исчезнале.

Иако се чини дека не може да се открие ништо ново на нешто кое било изложено илјадници години на ветар, сонце и песок – студентите по уметност го докажаа спротивното, со наоѓање на  шаблон на една стара Грчка статуа. Техниката наречена „скршена светлина“ беше користена долго време за анализирање на статуите. Во таа техника, се позиционираше ламба, многу внимателно, за патот на светлината да биде речиси паралелен со површината на објектот. Кога се користи на слики, потезите на четката и правта стануваат видливи. На статуите, пак, ефектот е посуптилен.

Таму иако не можат да се забележат потезите на четката, бидејќи некои бои се сушат на различни нивоа, каменот е издигнат на некои места – таму каде што бојата го заштитила од ерозија – а вдлабнат на други места. Така шаблоните на боење стануваат видливи.

500x_brinkmannstatuebig

Ултравиолетовата светлина исто така е користена и за разликување на шаблоните. УВ светлото може многу органски компоненти да ги направи флуоросцентни. Во уметноста УВ светлата се користат за да се провери дали некое дело било допрено, бидејќи постарите слики имаат повеќе органски компоненти, додека пак поновите слики имаат помалку. На старите статуи, малите фрагменти на пигмент кои сѐ уште ги има, светат посветло – што ни укажува на подетални шаблони.

500x_godsincolor

Веќе кога шаблонот ќе се преслика, сѐ уште е проблем да се утврди со какви бои да се обои, односно со какви бои бил обоен. Серија на темно сини бои креираат многу различен ефект отколку златната и розовата боја. Дури и ако на статуата сѐ уште може да се види дел од бојата со голо око, тоа не значи дека бојата била иста пред неколку илјади години. Но, постои решение. Бојата може да избледи со текот на времето, но оригиналните материјали – растенијата и животинските пигменти – и денес изгледаат исто како што изгледале пред илјадници години. И ова може да се открие преку светлината.

500x_brinkmannstatues2big
Со помош на УВ светлото и рентгентските зраци, може да се утврди од што била направена бојата и како таа изгледала. Спектроскопијата се држи за фактот дека атомите се пребирливи кога доаѓа до тоа каков вид енергија – некои материјали апсорбираат само одредена бранова должина на светлината. Сѐ друго рефлектираат. Со истражување на тоа какви бранови должини се апсорбирани (а не рефлектирани), научниците можат да утврдат од каков материјал е направена супстанцата. Инфрацрвеното помага при откривањето на органските материи, додека пак рентген зраците – потешките елементи, како камења и минерали.

Со комбинирање на се ова заедно, научниците можат да утврдат со каква боја статуата била обоена пред илјадници години. А со каква боја, се прашувате? Секогаш со некоја невкусна. [Ultraviolet light reveals how ancient Greek statues really looked]

- Реклама -