Националниот џез оркестар својот прв концерт насловен „Jazz Nova“ ќе го одржи на 23 јануари, во просториите на Националната опера и балет.
Националниот џез оркестар го најавува првиот концерт како еден вид симбиоза на биг бенд творештвото на истакнати македонски џез автори од повеќе генерации, и со него свечено ќе биде одбележан почетокот на концертната сезона на Оркестарот.
-За месеците кои следат, новата национална установа подготвува внимателно избран репертоар кој ги следи актуелните трендови во џез музиката, но вклучува и изведби на џез класици од домашната, регионалната и светската џез сцена, како и гостувања на еминентни музички имиња. Билетите може да се набават онлајн, велат од Националниот џез оркестар.
Билети тука.