Со само пет шута Јокиќ направи трипл-дабл, Денвер го победи Лејкерс (ВИДЕО)

Денвер со 122-109 го победи Лејкерс, Никола Јокиќ запиша нов трипл-дабл иако Србинот шутна само пет пати од игра, гостите играа без своите најголеми ѕвезди Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Денвер водеше во текот на целиот меч, победата во ниту еден момент не им беше загрозена, на крајот триумфираа лесно со 13 поени разлика. Никола Јокиќ даде голем допринос иако шутна само пет пати. Тој го запиша својот 87. трипл-дабл во кариерата, постигна 14 поени, имаше 11 скокови и 16 асистенции.
 
- Реклама -