Денот на раѓањето на Тоше Проески, 25 јануари, ќе се одбележи со промоција на песната „Све ја ово премало за крај“ и албумот „Најдоброто од Тоше“ во Спомен-куќата во Крушево.
Македонскиот ангел денеска ќе наполнеше триесет и две години, а зад себе остави бројни хитови и многу насмеани лица со неговите хуманитарни дела.
Покрај промоцијата на албумот и песната, денеска во Спомен-куќата ќе биде одржан и концерт на кој ќе настапи Андријана Јаневска, внукот на Тоше, Кристијан заедно со неговата група, Билјана Талеска која е еден од најдобрите студенти стипендисти по соло пеење на Меѓународната фондација „Тодор Проески” и уште неколку македонски пејачи. Концертот ќе биде со почеток од 11 часот.
[youtube]http://youtu.be/-fNqzcABWxo[/youtube]
На меморијалната манифестација ќе биде прочитан и дел од книгата „Ова не е крај“ на Соња Алексоска-Неделковска.
Во Битола, детскиот хор „Ѕвончиња“ под раководство на проф. Марина Коруновска годинава повторно ќе одржи традиционален концерт во чест Тоше, под мотото „Пееме до ѕвездите“. Средствата кои ќе бидат собрани од овогодинешниот концерт ќе бидат наменети за донирање на инструмент во Државното музичко улилиште во Битола, каде што се школуваше и Тоше. Концертот, традиционално, се одржува во големата сала на Центарот за култура во Битола, кој е домаќин на битолските Ѕвончиња.
Интернационалниот Тоше Проески Фан Клуб Форум и Цревениот Крст на град Скопје денеска ќе организираат крводарителска акција што ќе се одржи од 10 до 18 часот во Домот на АРМ.