Постојат безброј причини да се радувате на пролетта. Една од нив е разновидната храна, меѓу која преовладуваат здравите намирници. Јагодите и зелениот грав се пријатели на линијата, младиот компир ја намалува отеченоста и е добар за притисокот, лукот чисти од отрови, артичокот го регулира варењето на храната… Еве кои плодови би требало да се погрижите што почесто да се најдат на вашата трпеза, бидејќи ќе ја подобрат вашата фигура и здравјето.
Јагодите ги зајакнуваат капиларите
100 грама јагоди на ден се доволни за да покријат 90% од дневните потреби за витаминот C, кој ги зајакнува капиларите и го ублажува делувањето на слободните радикали, а со тоа и стареењето.
Грашокот е хранлив и нискокалоричен
Свежиот грашок е исклучително хранлив и има инзвонреден вкус. Тој е една од најнекалоричните мешунки, а притоа е богат со витамини и минерали. Во комбинација со тестенини или ориз, тој е навистина лесен и хранлив оброк.
Свежиот млад лук го намалува притисокот
Тој има посвеж и поистенчен вкус од стариот бел лук. Го намалува високиот притисок (но не и кога е низок), ги дезинфицира цревата и помага во намалувањето на „лошиот“ холестерол.
Цвеклото го забавува стареењето
Може да се најде и конзервирано и свежо. Антоцијаните, кои му даваат типична црвена боја, имаат антиоксидативно дејство, односно го забавуваат стареењето.
Зелениот грав помага во одржувањето на линијата
Зелениот грав оди одлично во комбинација со овчото сирење, а добар е и пржен и варен. Тој содржи протеини, растителни влакна, шеќер, сол и витамини. Одличен е за диета бидејќи е хранлив, а содржи малку калории.
Туната ги одржува здрави артериите
Таа може да се купи свежа или конзервирана. Добра е бидејќи содржи киселини омега 3, кои ги чистат артериите и ја прават посилна крвта, а со тоа спречуваат да дојде и до нејзино згрутчување.