Последниот ден од фестивалот Скопје Синема Сити е посветен на македонски музички документарни филмови. Во киното „Мирно лето“ вечерва со почеток од 20.15 часот ќе биде прикажан „Лука“ во режија на Ице Виранов а потоа „Тале Огненовски“ во режија Благојче Трајковски.
Фестивалот Скопје Синема Сити секоја година во рамките на својата програма отстапува место за домашната продукција на овој документаристички жанр со што сака да даде поддршка на младите автори за посветеност кон музичката документаристика.
„Лука“ е документарен филм на здружението за култура „Транзен“, во режија на Ице Виранов, работен според сценарио на Бинева Џејд. Станува збор за филм за млади музичари што бараат начин да г изразат своите креативни потенцијали. Тројцата се целосно посветени на креирање авторска музика, рок и џез, но и други жанровски стилови. Филмот го документира нивниот креативен набој и развој на иновативни идеи, создавање музички инструменти од отпадни материјали и креирање нови звуци, алтернативни музички композиции на истите инструменти.
„Тале Огненовски“, е филм за основоположникот на македонската традиционална музика за кларинет кој оформил рамката за тоа како треба да
изгледа македонското народно оро за кларинет. За 100 годишнната од неговото раѓање професорот м-р Благојче Трајковски промовираше книга и
документарен филм кои сведочат за животот на Огненовски, бројните награди и признанија, а ги публикува и неговите авторски ора како нотен текст.
Синоќешните проекции на филмовите на полскиот музички новинар и режисер Грегор Брзозович беа проследени со големо внимание а авторот во получасовна исцрпна дискусија откри дел од искуството со снимањето на неговите филмови.