Со помош на гардероба, прекријте го вишокот килограми

Не е лесно да се изборите со килограмите, а додека не успеете во тоа бидете задоволни со својот изглед и обидете се да ги прикриете недостатоците со помош на соодветна гардероба.
Секоја жена се жали за делот од телото на кој што не  е горда, но без паника бидејќи постојат бројни трикови со чија што помош вашиот вишок на килограми ќе биде помалку видлив или речиси незабележлив.

Одберете соодветен модел на фармерки

Еден од најдобрите совети, кога станува збор за прикривање на салото околу стомакот е изборот на соодветниот крој на фармерки. Иако оние со ниска половина се секогаш во мода, тие се наменети за среќниците со рамен стомак. Но, доколку спаѓате во онаа група на девојки кои мачат мака со стомакот, наместо со ниска изберете фармерки со висока половина. Освен што се неверојатно секси и ги акцентираат  струкот и задникот, тие се актуелни во моментов.

Фустан на преклоп

Фустаните на преклоп се одличен избор за жените кои имаат проблем со вишокот околу стомакот. Овие фустани се вистинско мало чудо и во нив ќе се чувствувате и ќе изгледате одлично.

Долги и лелеави блузи

Долгите и лелеави блузи се спас за жените кои што се обидуваат да ја прикријат килажата. Понудата од такви модели за среќа е бескрајна, па веруваме дека ќе пронајдее барем една по сопствен вкус. КОнкретно зборуваме за оние што се тесни во градите, а под нив материјалот започнува слободно да паѓа кон доле.

Маици со спуштени раменици

Маиците со спуштени раменици или широки ракави одлично ќе ја завршат својата работа. Имено, кај нив половината не е изразена, па вишокот не е очигледен.

Носете мидер за обликување

Иако мидерите не се најсекси или најпрактични на светот, жените со вишок килограми ги обожаваат со причина. Воедно, се одличен избор за фенси прилики, во кои е потребно да носите фустани што ја истакнуваат формата.

- Реклама -