Вечниот Бог слегува
и во утробата на Дева се вселува:
Свет, Свет, Свет си Пресвет Господи!
На Бадник, преку улиците на Гевгелија помина поворка составена од над 700 деца, кои со среќа и радост ја пееја старата коледарска песна „Вечниот Бог“.
Манифестацијата „Бадникова поворка“, која повторно ја остварува православната традиција на свечено објавување на Христовото рождество, оваа година беше организирана од Гевгелиското архиерејско намесништво.

Дечињата од Бадниковата поворка, движејќи се низ централното подрачје на градот, ја изведоа божикната песна „Вечниот Бог“ и со тоа ги информираа граѓаните за радосното празнување на Христовото рождество. Тие носеа божиќната ѕвезда, која симболизираше водичот за тројцата мудреци до местото на Христовото раѓање, како и специјално украсената пештера, на која беше прикажано Рождеството Христово. На крајот, дечињата се вратија во црквата „Свети Кирил“, каде со восхит и љубов беа дочекани и наградени со пригодни пакетчиња, донација од градоначалникот на општина Гевгелија.

Љ.А.




