Со обилен појадок намалете 10 килограми за еден месец

Сите знаат дека појадокот е најважен оброк во текот на денот. Меѓутоа, ако јадете екстремно обилен појадок пред 9 часот наутро, можете да намалите 10 кг. за месец дена.

Диетата „Голем појадок“  налага да јадете во првите  15 минути откако ќе станете од спиење. На тој начин ќе го разбудите метаболизмот во комбинација со протеини и јаглени хидрати.
cafe-roma-breakfast

Авторот на диетата Даниела Јакубовиќ, предлага денот да ви започне со омлет, со 3 јајца, 50 грама сирење и 50 грама шунка. Сето ова во комбинација со 200 милилитри млеко и сок од јагоди, по што би следувало чоколаден колач.

„Појадувај како крал, ручај како принц, а вечерај како сиромав“. Доручекот од 600 до 800 калории пред 9 часот наутро е совршен сојузник на метаболизмот и драстично ги доведува во ред хормоните и согорува маслени наслаги. За еден месец на овој начин можете да намалите до 10 килограми“, вели авторката на студијата.

Диета

Од ден на ден еден појадок треба да се состои од седум порции протеини, меѓу кои се две порции млечни производи, две јаглени хидрати, две порции маснотии и порција сладок десерт.

Ручекот се состои од три порции протеини, три порции на нискокалоричен зеленчук, и вода.  За вечера конзумирајте три порции протеини и вода.

 

 

- Реклама -