Со Navara на авантура по Бистра

Аутомотив груп на спектакуларен начин ја претстави својата нова генерација на Nissan Navara, во несекојдневна оф-роуд авантура на потегот Маврово-Лазарополе-Маврово, каде во целост можевме да се увериме во вредностите на пикапот на годината за 2016.

1

Како и што беше именувана презентацијата на најновото Нисаново остварување MAVROVO MAXIMUM ADVENTURE, а и според однапред подготвената агенда, се надевавме дека не очекува комбинација од оф-роуд возење со макадам, песок, кал…, како и на отворен пат, но дека до „максимум“ ќе уживаме во сето ова -НЕ! Вака осмислена презентација одамна не сме имале на овие простори, честитки за Аутомотив груп, кој навистина се надминаа.

Започна се од Скопје. На патот до Маврово на новинарите им беа на располагање модел од пикап изведбата на Nissan и Renault Kadjar. Тоа беше начин да ни се пренесат удобностите на сосем новоразвиеното за оваа цел потпирање на Navara, да се доловат новите елементи на комфор и комодитет. Првото вистинско изненадување не очекуваше на почетокот на скијачката патека во Маврово. Уште неколку подготвени модели на Navarа, над дваесетина квадрови и десетина Нисанови модели на теренци подготвени за MAVROVO MAXIMUM ADVENTURE. Прекрасна глетка, машините бревтаа, колоната тргна…Возбудувањата започнаа од пред Галичник, каде се свртува за Лазарополе, но по падините на Бистра. Од лева страна остануваат скијачките терени и продолжуваме по сртовите на една од најубавите македонски планини. Раззеленета трева, пасишта, овци…, нашата прекрасна Македонија. Макадам, чакал, потоци…вистинска оф-роуд авантура. Највисоката точка која ја достигнавме, така покажуваше борд компјутерот- 1.870 метри. Нешто подолу покрај едно бачило, каде освен овци имаше и прекрасни коњи, кој некогаш овој пат се минувал само со нив, нашата прва попатна станица. Мало освежување и патот продолжува до Лазарополе. Во планината се менува времето за секунда, сонце, па ветер, па дожд…, но сето тоа ја чини авантурата уште повозбудлива. Баклавата од Лазарополци беше ремек дело, прсти да излижеш! Покрај Росруше, Битуше, Скудрине…патот не води до Свети Јован Бигорски, несомнено еден од најубавите божји храмови на земјата. Се завршува од таму и каде што појдовме. Едноставно: прекрасно, возбудливо, несекојдневно…

2

Новата генерација на Nissan Navara е вистински микс од повеќе изведби, автомобил кој може да се квалификува пред се како претставник од сегментот каде припаѓа- пикап, да се потпрете на сите оние квалитети како удобност, функционалност и технолошка подготвеност кои ги направија SUV возилата екстремно популарни и атрактивни, како и смеен модел кој е мошне прифатен за оваа цел, посебно од европските клиенти во последните години. Nissan Navara, која речиси веднаш по премиерата ја освои наградата Меѓународен пикап на годината 2016, ги има сите основни квалитети на еден модерен избалансиран универзален автомобил, но и импресивна економичност. Главниот „виновник“ за последното е новиот 2.3 литарски dCi дизел мотор, достапен со две верзии на моќност- 160 и 190 коњски сили (два турбополначи). Со подобрување на горивната економичност од речиси 25% во споредба со својот претходник, овој погонски агрегат ја вклучува Navara во самиот врв во класата, која нуди исто така врвна ефикасност и функционалност, дури и при целосно искористување на достапните капацитети од малку над 1 тон на речиси секаков терен. Во зависност од потребите и полето на дејствување на возилото, неговите сопственици можат да се потпрат исто така и на избор меѓу верзии со погон 2 и 4 тркала, како и помеѓу шест-брзински мануелен и седумстепен автоматски менувач.

3

Со фабрички гаранција од 5 години или 160.000 km, пикапот постигнува со неколку нетипични за сегментот системи за подобрување на удобноста и безбедноста: систем Around View Monitor за видео надзор околу целото возило, систем за предупредување при опасност од удар со возилото кое се движи напред, инфо-комуникациски и мултимедијален систем NissanConnect, диодни светла, системи за поддршка на спуштањето и поаѓање по наклон, круз-контрол и друго.

4

Паралелно со високата технологија, новиот Nissan Navara не бега од својата основна намена. За ефикасна употреба како пикап, тој се потпира на исклучително цврста шасија, но повторно прави чекор напред нудејќи им на корисниците удобно возење, благодарение на воведувањето на задна суспензија со винтови пружини. Задржувајќи ја носивоста и зголемувајќи задоволството од управувањето и возењето дури на долг пат, тоа нуди структурно решение, намалување на вкупната тежина на автомобилот за 20 килограми во споредба со верзијата со лиснати пружини.

5

Nissan Navara импресионира и со дизајнот. Во него се чувствуваат бројни стилистички линкови од SUV палетата на брендот, кои повеќето се видливи на предниот дел. Друга карактеристика на новата Navara која му дава на пикапот доста пријатен стајлинг и привлечност е богатиот сет можности за персонализација на товарниот простор (1.788 mm должина кај King Cab и 1.578 mm кај Double Cab) и главната конструкција на каросеријата.

6

Новиот Nissan Navara доаѓа со најголема листа можни додатоци во историјата на моделот, наведувајќи дека во дилерските центри на брендот, корисниците ќе можат да избираат меѓу вкупно 125 различни нивоа на опременост. Меѓу главните акценти тука се лизгачкото корито на товарниот простор, правејќи го товарањето/растоварањето уште полесно, спуштање на прагот за полесен пристап до багажникот, непречено спуштање на вратата на товарниот простор со притискање на копче, уникатни товарни решенија за просторот под и над заштитната преграда на коритото…Благодарение на хард покривот и дополнителни хромирани заштитни цевки за предниот и задниот дел на автомобилот, како и во товарниот простор, дополнителни систем за осветлување, алуминиумски тркала, винил лепенки и друго, новата Navara се доближува исклучително блиску до актуелните SUV модели на Nissan.

7

Автоплус

- Реклама -