Со малку визија до многу станче

paris-apartment-1[1]

Цели 70 години, ова станче беше заборавен простор со студени камени ѕидови, под еден некогашен хотел во Париз. Архитектката Ен Роланд го претвори во суперслатко пространо, светло и игриво домче, комбинирајќи го стариот историски шарм со модерни вградени елементи од дрво.

paris-apartment-3[1]

Со декади, овој простор бил ретко користен, и тоа единствено како премин од градината кон поголемиот апартман над него. Зградата се наоѓа во една од најстарите париски населби – изградена е во 17 век. Со други зборови, просторот бил затворен и темен, полн со дебели ѕидови и тесни ходници.

paris-apartmetn-4[1]

Роланд урна добар дел од овие пречки, дел од ѕидовите покри со гипс-картон, дел остави за шмек, подот го поплочи со плочки со дезени како во старите барови во градот, и ете, си доби живо и модерно живеалиште.

paris-apartment-5[1]

Во кујната има и подрум, од оние старовремските, со скалички. Лошата вест е што некогаш служел за фрлање отпад, пред сé животински, бидејќи таму се наоѓала кујната на ресторанот на некогашниот хотел. Добрата е што има природна звучна изолација, совршена за музичко студио. А Ен Роланд да ти свирела гитара…

paris-apartment-2[1]

- Реклама -