Малите интервенции можат да се покажат како особено корисни кога станува збор за амбиентот на ентериерот. Еве неколку предлози:
Заводливо
Новиот изглед на спалната соба можете да го постигнете со само неколку трикови. Декоративните перници се сигурен метод, но употребете различни шари. Со црно-бели комбинации на ламбите, одлично се вклопуваат бордо тонови на ѕидот.
Брза промена
Брзата промена во тоалетот можете да ја постигнете и со лепење на ѕидни налепници и стикери. Одберете го посакуваниот принт и поставете ги на впечатливо место.
Користете иста нијанса
Одлучете се за драпери во бојата на еден од ѕидовите на собата. Со ова не можете никогаш да направите грешка.
Едноставно
Во празни дрвени рамки поставете хратии во боја. За брзо декорирање на ѕидовите, во комбинација со неколку перници во истата боја, ќе имате оригинално и симпатично решение.