Со која храна да ја задоволите жедта

За време на летните горештини организмот има потреба од повеќе течности, кои можете да му ги обезбедите и преку храната.Овошјето и зеленчукот се главен извор на вода за хидратацијата на кожата, кога температурата се вжештува до црвено.

Краставиците содржат 96,7 проценти  вода. Од неа можете да создадете традиционален таратур, или истиот да го промените со испасирана  краставица, кисело млеко, нане и мраз.

krastavac

Доматите содржат 94,5 проценти  вода. Тие се свеж зеленчук, задолжителна состојка на салатите, сендвичите и сосот. Зелената пиперка е исто така полна со вода – 94 проценти, но освен тоа таа е богата и со антиоксиданси.

patlidzan

И за десерт не заборавајте лубеница. Таа содржи 91,5 проценти вода  и е богат извор на ликопен. Тоа е антиоксиданс кој се содржи во црвените плодови и зеленчук и помага во борбата против ракот.

Прочитајте и:  Лекар предупредува дека на повеќето луѓе им недостасуваат овие 5 витамини

eating-watermelon

- Реклама -