Некоја си Кејт Тејлор од некој си забеган амерички институт за истражување на љубовта смета дека изразувањето љубов преку виртулните линкови претставува грев и тешка измама.
Искрено кажано мене баш ме заболе шо мисли оваа тетка Кејт и дали е тоа грев или не е. Ја сум по природа присталица на фаќкање и драпање. Си поштуем стискавац и разработуње на пумпата која циркулира крв али исклучиво тоа да е на допир. Не ми пали моторот вака преку екран. Сум пробал неколку пути и освен дркотина у тоалетна хартија не излегло ништо појќе.
А тоа фејсот може многу да те разочара. На пример типац си симпатиша некоја цура и отвара ФБ профил и гледа у делот за љубавни статус пишуе in relationship… Аутоматски тука прекинува секое можно лајкуење на слики, постови, постирање линкови и слични заебанции. Ја коа бев у пубертет и коа почнаа да ми виреат влакна на ташаците своите симпатии ги чекав на излез пред школски двор. Распоредите на моите цуцки на памет сум им ги знаел. Која возбуда е тоа…Седиш пред школски двор и ја гледаш твојата симпатија со целата своја димензија и сјај како се доближува кон тебе. Измерена од пета до глава, став на одење, говор на тело, глас, насмевка, целата таа нејзина околина. Абе ако е тоа празник за очите ќе стане и празник за душата нели? Не бе батиња ова денес е забегана работа. Цуцкиве прво пучат бузи, праат едно 389 фотки со мобилниот и од тие 389 таа една шо е најасална ја опнуваат као профил слика. Убави на мајка. Сите се наконтени, насмеани у некој фазон.
Сите се она што сакаат да бидат а тоа секако не се. Од толку кликање по тоа тастатурите забораваат муабет како се праи. Прерирани се некои фази на запознавање. А се почна со оваа виртуелизација…дигиталиација..компјутеризација. Каде е оној убав момент кога на фиксен телефон бараш некоја девојка и од таму те пречекуе гласот на нејзиниот намќорест татко на кој му е дојдено преку кур од сите тие пилиштари кои и се сукаат на ќерка му? Абе он може да се начуруе колку шо сака, ама бар по тоа добро вечер(доколку го има секако) може да има некоја претстава шо профил ќе и се сука на ќеркичка му. Вака по ова социјалниве мрежи секакви идиоти, манијаци, педофили, дандрофили, сериски убијци и онанисти испраќаат понуда за пријатељство. Упознавањево преку ова социјалниве мрежи е ко да добиваш подарок без повод и без амбалажа. Без никаква препрека влагаш у сечиј живот. Дознаваш за луѓето се и сешто а не знаеш ни ЗДРАВО како праат. Како со чаша наздравуваат и на каков начин разговараат. Се дознаваш за нив освен овие први три основни работи. Абе се е наопаку. Сега виртуелно преку Веб камерче може и гаќички да се соблакаат, да се мастурбира, да се стенка да се офка на екранот и на крај да се сврши. Може се, ама не знаеш на мацата кожата како и мириса. А мене од женска кожа највише ми се дига. Не знам на шо се палат овие забеганиве војаери ама јас додека не осетам мирис и температура на женска кожа Стојко не ми вирее. Не да го плескам да го маам да го гњавам. Дајте телесна топлина и тргнете тоа забеганите ФБ слики кај што сте најубаво испаднати. Ја би да ковам а не да кликам на тастатура и да слушам некоја крава како ми забегува на звучник. Праќајте психијатри по училиштава.
Психолозиве одамна ја утнаа работата. Или се можеби online??? Се биваа…
Ова лето сакав со мојата љубов, која инаку ја запознав на Бадников огин и на живо, решивме да одиме на море у соседна Албанија. Сакав газот да го сунчам по тоа плажите накај Саранда…Е арно ама еден инситут за истражување од Канада кој врши истраќување кои места на земјината топка се а кои не се безбедни.Врз основа на нивните проценки за безбедноста, Либија, Нигерија и Пакистан се земји каде не треба да се патува ако не е неопходно, додека во Русија, Турција, Јапонија и Албанија заедно со земји како Индија, Ангола и Индонезија, при патувањето треба да се избегнуваат одредени области.
Замислете Македонија во ова рангирање е претсавена како безбедна земја..Абе нели ние не сме членки на НАТО и треба да учиме од комшииве за људските права и за спроведување на мерки за стабилност. Не ми е јасно. Треба да учиме од оние кои се полоши од нас? Зашто се тие таму во тоа одбрано друштво а ние не сме. Мене ми личи ова на уште една виртуелна заебанција. Не НАТО не Европска унија. Ние не само шо сме побезбедни за патување од овие од кои треба да учиме ами сме и на високото 4 то место во светот по гостопримство. За летово ќе размислам. Грција ми отпаѓа у старт па може онака југоносталгичарски( иако не сум југоносталгичар) да го паркирам мојот газ на некоја плажа на Јадранот. Секако има време. Можеби то тогаш жена ми ќе ме начека како забегувам со некоја тинејџерка на ФБ и статусот ќе ми прејде у single…Е тогаш не ме гледате у близина.
Пакувам куферче со 3 парталчиња и сите пари за авионска карта накај Бразил…