Со излегувањето на резултатите од обдукцијата, излезе и видео запис за неговите остварувања

Според долгоочекуваните резултати од обдукцијата за Пол Вокер, кој трагично пред неколку дена го загуби животот во сообраќајна несреќа, 40-годишната ѕвезда починал од  сериозните повреди со кои се здобил при ударот на автомобилот, а потоа неговото тело изгорело до непрепознатливост по експлозијата.

Според официјалните кажувања, актерот веројатно ќе преживеел доколку не дошло до експлозијата на автомобилот.

Заедно со резултатите и филмската куќа „Univerzal pictures“ излезе со поздравен видео запис, кој ги содржи сцените од „Брзи и бесни“,  а завршува со емотивна сцена од последното продолжение.

Тие после сите шпекулации околу седмото продолжение, најавија дека сепак нема да се снима истото, со цел  да се сочуваат спомените од прекрасниот Пол Вокер.

Според официјалните полициски соопштенија, тој починал од сериозните повреди со кои се здобил при ударот на автомобилот.

- Реклама -