Со гас маска право во кола

zagaduvanje1
Пишува: Елена Т.

Според секојдневните мерења Скопје е толку многу загадено, што не е ни чудно што загадувањето е главна тема насекаде – на маса, на вести, на Фејсбук, во такси, во кревет.

Постојано си муабетиме и ги прераскажуваме вестите изнесувајќи и свои ставови за исечените дрва, градењето, неисправните автомобили и фабриките, притоа си климаме со глава дека има многу фактори што влијаат на состојбата. Зборуваме за тоа дека е неопходно да се забранат некое време автомобилите, да се зачести возниот ред на автобусите, да се воведе парни-непарни, да се возат велосипеди додека да не изненади снегот, па да се чувствуваме ко во Амстердам… До тука е во ред, утредента со полуспуштени капаци палиме цигара, ја палиме колата за до дуќан – “здраво комшија, воздухов загаден не се дише”, се враќаме дома како и секогаш во брзање, палиме кола, работиме, мртви уморни седнуваме пред телевизорот, слушаме за загадувањето и коментираме колку не нè бива.

giphy

Вистина дека загаденоста над дозволеното е сериозен проблем во кој треба сите да земеме удел – градот да го намали фетишот со сечење, ние да ја намалиме зависноста од возење, а контролата на исправноста на возилата да се зголеми пропорционално со нашата свест за правење еколошки избори на долгорочен план. Вистина е и дека сме перверзно партиска нација кога си дозволуваме ваков проблем секојдневно да кулминира со штабски препукувања по телевизиските дебати. Ок, свесни сме дека имаме проблеми и дека нема да ги решиме со дефиниции, но на оние кои ги буни маглата во целата приказна, должни сме да им ја објасниме разликата помеѓу загадување на воздухот, појавата на магла и врската помеѓу поимите магла и смог.

Прочитајте и:  Скопјани се жалат на загаден воздух, медицински лица велат заштитни маски не се решение

Под загадување на воздухот се подразбира внесување на нови некарактеристични физички, хемиски и биолошки материи во атмосферскиот воздух или промена на одамна веќе присутните концентрации на овие материи во животната средина. Загадувач на воздухот е секоја супстанца која може да предизвика штета на луѓето и животната средина. Загадувачите можат да бидат во форма на цврсти честици, течни капки или гасови. Освен тоа, тие можат да се природни или создадени од човекот.

Магла — облак во допир со земјата. Маглата се разликува од другите облаци само по тоа што маглата ја допира површината на Земјата.  Маглата, всушност, претставува кондензирана водна пареа во видна микроскопски капки (а при температура под 0 °С ледени кристали) во приземниот воздушен слој (тропосферата). Според потеклото маглите се класифицираат во три основни групи: магли на оладување (радиациони), магли на испарување (морски, езерски, над влажни терени), и смог. Смогот е густа магла помешана со загадувачи на воздухот.

clapping_joker_batman_dark_knight

- Реклама -