Со филм посветен на историјата на словечкиот алпинизам, вчера вечер се отвори Ехо Фестивал на планински филм

Со проекција на филмот „Виорник од работ“, во режија на Игор Вртачник, Словенија, посветен на историјата на словенечкиот алпинизам, вчера вечер во Домот на АРМ во Скопје официјално беше отворено 15 – то издание на Ехо Фестивал на планински филм 2024 година.

„Треба да го почитуваме нашето минато, нашите предци… Доколку не ги почитуваме, нема самите да се почитуваме и нема да бидеме почитувани од другите. Треба да знаеш кој си и каде одиш. Во спротивно, некој друг ќе одлучува за тоа. Ние треба да знаеме дека личноста е како дрво. Дрво кое расте, се раѓа и умира, гледа со крошната кон целиот свет. Доколку немаш корења во земјата, како дрвата, повеќе не си дрво – ти си трупец. А трупецот може секој по желба да го шутира наоколу…“ е пораката која ја испрати филмот.

Ова издание на фестивалот ЕХО, е посветено на ширење на планинската култура, преку филмови, изложби, издавање книги, панел дискусии, детски и филмски работилници, предавања на многу различни теми.Темата на фестивалот опфаќа планински спортови, еколошки филмови, документарни филмови што ја отсликуваат врската помеѓу човекот и природата.

Фестивалот ќе трае од 18-25 октомври 2024, а следните седум денови ќе продолжи програмата во Кинотеката.

фото: Ехо Филм Фестивал

- Реклама -