Понекогаш наједноставните нешта се најважните. Погледнете неколку сосема едноставни идеи кои ги направија изумителите милионери.
Фризби
Фризбито е измислено од Фредерик Морисон во 1948 година. Идејата му дошла, кога тој и неговата девојка, од здодевност почнале да си подаваат еден капак. Првично го нарекол својот изум „летачката чинија”, а во 1957 година идејата била купена од компанијата Wham-O, кои го пуштиле производот на пазарот со името „фризби”. Во 1970 година Морисон добил половина милион долари од правата за производот, а веќе во 2012 година бројот на продадени фризбиња во светот е над 300 милиони.
Обрач (Хулахоп)
Истата компанија Wham-O го развива и обрачот за игра. Не е јасно точно кој го измислил, но идејата дошла од Австралија, каде што децата си играле со свиткани, бамбус стапчиња. За две години компанијата продала над 100 милиони обрачи.
Залепени ливчиња за белешки
Д-р Спенс Силвер измислил лепак што се одлепува многу лесно. Сепак, идејата да се стави тоа лепило на ливчиња му дошла на друг вработен во истата компанија – Арт Фрај. Само во првата година на производство (1974 година) приходите биле 2 милиони долари, а во 2012 година тие веќе достигнуваат 1 милијарда долари.
Лепенка (Ханзаплас)
Овие лепенки се измислени во 1920 година од Ерл Диксон, вработен на Johnson & Johnson. Неговата сопруга се повредила при готвење и тој смислил начин за обвиткување кое може го извршите сами. Првите лепенки биле сопствено – рачно производство и не биле многу успешни. Тогаш Johnson & Johnson почнуваат да изработуваат стерилизирана варијанта која ја нарекле ханзаплас. Тие станале многу популарни за време на Втората светска војна.
Спирала
Оваа играчка е измислена во 1943 година, од страна на инженерот Ричард Џејмс. Првите 400 парчиња се продале речиси веднаш, пред Божиќ, во 1945 година. Во 2012 година веќе се продадени милијарди такви, а заработувачката изнесува 250 милиони долари. Спиралата е „школски пример“ за тоа дека не е потребно да создадеш производ кој е многу сложен или корисен, за подоцна да стане успешен.
Конфлекс
Kellogg’s, е компанија која е производител на житни закуски број 1 во светот. Тие ги извезуваат своите производи за 180 земји. Во 1894 година браќата д-р Џон и Вил Келог, неколку дена заборавиле тенџере со сварена пченица на ринглата. Таа природно се распаднала на парчиња, кои браќата подоцна ги испекле и со нив направиле храна за пациентите, на кои пак, премногу им се допаднал појадокот. Така се појавиле житариците ширум светот.
Смајли
Нацртано е за прв пат од Харви Бол, кој сепак не го патентирал и добил само 45 долари за идејата. Ликот бил регрутиран од американска компанија,со цел да направи весел цртеж кој го покренува расположението на вработените, а бил подготвен за 10 минути. Цртежот подоцна се користел во неколку рекламни кампањи. Милионите, сепак, отишле кај браќата Бернард и Мареј Спејн, кои во 70-тите години почнале да продаваат чаши и други предмети со цртежот и се сетиле да го патентираат. Се смета дека тие имаат заработено околу 500 милиони долари од насмеаното лице.