Комбинирањето на две бои е модерно, свежо и одлично решение за ѕидовите во вашиот дом. Овој тренд е толку многу интересен, што кога би имале храброст да го примените макар само во една соба, сигурно ќе посакате истото да го направите и со останатите. Се што треба да направите е мудро да ги искомбинирате боите. Еве неколку предлози за бои на ѕидовите кои совршено ќе одговараат една со друга.