За време на сезоната на монсуни, се појави нова модна уметност во Мумбаи, Индија. Уметничкото дуо „Black Balloons“ создаде креативна колекција на рачно насликани чадори.Оваа нова уметност ги преобразува класичните бели чадори во стилизирани, рачно направени слики со тематики кои се движат од стрип уметноста, преку филмовите, па се до Боливуд постерите. Со еден збор, тие се прекрасен и забавен спој на традиционалната индиска уметност и модерната индиска поп-култура. Погледнете некои од дизајните на Santosh и Nikhil на нивната Фејсбук страница.