Според првите официјални информации, 22 лица загинале во несреќата, а пет лица се сериозно повредени. Од смачканите возила под урнатините се извлечени телата на неколку загинати, а две лица се извлечени живи. Меѓу жртвите е и едно дете, велат полициски извори.
Во меѓувреме објавено е и видео од воздух, од кое добро се гледа размерот на трагедијата:
OMG. An aeral view of the tragedy in #Genoa, where a major motorway bridge has collapsed. This is appalling. #Italy
via @belcastrotw pic.twitter.com/jodF6eIUP8— Antonello Guerrera (@antoguerrera) August 14, 2018
Надвозникот, кој (беш)е дел од автопатот А10, се сруши денес за време на пороен дожд откако бил погоден од гром. Повеќе за тоа на МКД.мк.