Доколку ги сакате авантурите и екстремните спортови, еве како на своите пријатели ќе им покажете што правите кога се рекреирате. Оваа камера лесно се монтира на кациги, велосипеди, автомобили, мотоцикли, даски за сурфање или на било кој дел од телото со помош на многуте додатоци, а ќе ги сними сите херојски моменти додека се забавувате.

Камерата има можност за повеќе резолуции: 1080p (1980 x 1080), 960p (1280 x 960) и 720p (1280 x 720). Видеата се енкодирани со популарниот кодек H.264, по што се складираат на SDHC мемориска картичка (на 32 SDHC картичка може да се снимат повеќе од 8 часа HD видео).
Аголот под кој оваа мала камера снима е 170 степени, а нејзиното куќиште е водоотпорно до 60 метри длабочина. Камерата воедно снима 5MP фотографии во интервали од 2/5/10/30 и 60 секунди.
Дополнително, со вградениот RF трансивер може безжично да се приклучи стерео микрофон и далечински управувач со домет од 10 метри. Со помош на далечинското корисникот може да ја прикаже сликата од камерата на LCD екран, подесувајќи ја пред или за време на снимање.
Со GoPro HD Hero камера низ Дебар Маало
{vimeo}11295312{/vimeo}
Сè на сè, ова е неверојатна играчка и ќе ви пружи големо задоволство за не толку мала цена – 260-300$ во зависност од моделот. [goprocamera.com]