Снимено на iPhone, демек

Apple си тера со рекламите и постојано објавува одлични видеа, сите наводно „shot on iPhone“. Но како и во многу други реклами, фората е во ситните букви.

YouTube блогерот Маркус Браунли се посомневал дека видеата на Apple се малку предобри за тоа „снимено на iPhone“ да биде вистинито, па го прочитал ситниот дисклејмер на крајот од рекламите. А таму вика: „additional equipment and software used”, што во превод значи дека се користени еден куп други трикови и апарати освен iPhone за да биде снимено тоа видео.

Ова видео, на пример.

https://youtu.be/YpUa7YvhUJo

Браунли открива дел од тие трикови и додатоци, и го урива сонот дека ти како обичен смртник можеш да снимиш исто такво видео само со камерата од твојот iPhone или друг сличен смартфон. Сон што ти и не би го имал, ако не беше рекламата на Apple да те убеди дека тоа е возможно.

Добрата страна, истакнува Маркус, е што дел од тие додатоци се мошне едноставни и прилично достапни за набавка, почнувајќи од монтажни леќи, па до рачни „кранови“ кои го држат и стабилизираат телефонот додека се движиш. За да можеш еден ден и ти да се правиш наудрен и да речеш: „да бе, на ајфон го снимив“.

- Реклама -