Научници снимиле ретка глетка од недостижна грда риба скриена во океанските длабочини.
Девет сантиметри долгата риба позната како „Anglerfish“ или „риба ловец“, но и Melanocetus, е фатена од окото на камерата на истражувачите од калифорнискиот подводен институт.
Брус Робинсон, виши научник на Институтот, тврди дека ова е прв пат една жива риба да е снимена на длабочина од 600 метри. Локацијата на оваа интересна глетка е кањонот Монтереј, дел од Тихиот Океан кој е голем колку Големиот Кањон.
„Станува збор за риба- предатор која својот плен го става во заседа“, изјавил Робинсон за овој вид познат по своите остри заби, како и светлечката ламба со чија помош го лови пленот и поради која е наречена „Angelfish“.