Објавени се резултатите од набљудувањето на најголемата и најдалечна вселенска експлозија до сега забележана. Се работи за мега-експлозија чиј сјај е неколку милиони пати поголем отколку оној на најсјајните галаксии. Тука можете да ја видите и сликата од експлозијата на огромната ѕвезда оддалечена 13 милијарди светлосни години од Земјата.

Две одделни студии се занимаваа со појавата на најблескавиот вселенски феномен до сега забележан – експлозијата на гама зраци. Објавените резултати покажаа дека се работи за феномен кој се случил пред 13 милијарди години, на оддалеченост од 13 милијарди светлосни години од Земјата. Светлината сега стигнува до нас и ни овозможи да го видиме феноменот што е најоддалечениот астрономски феномен што некогаш бил документиран.
Вселенското тело што експлодирало било мега ѕвезда, а експлозијата е предизвикана од колапсот на телото, при што нејзиното јадро се претвора во црна дупка. Ова откритие е важно, зашто неговото набљудување ни дава информации за „космичкото темно доба“, период кој се случил приближно 400 илјади години по „големиот бенг“. Во овој период, тукушто се формирале неутрално електризирани атоми, оттаму и називот „темен универзум“. Потребни биле приближно 800-900 милиони години за материјата да се јонизира и да го обликува универзумот во она што денес можеме да го видиме. Затоа ова откритие е толку важно – ни дава можност да погледнеме толку блиску до почетоците на сѐ!