Изненадувачки нови сателитски синмки кои покажуват дека приватниот воз на Ким Џонг-ун е паркиран пред неговиот „лидерски комплекс“ предизвикаа нови теории околу судбината на севернокорејскиот лидер.
Возот е забележан во одморалиште во градот Вонсан и се смета дека новите сателитски снимки потврдуваат дел од гласините за неговото лoшo здравје или cмpт, кои вчера го обиколија светот. Снимките се резултат на проектот за мониторинг на Северна Кореја базиран во Вашингтон, наречен „38 North“, и го покажуваат возот на Ким Џонг-ун паркиран пред „лидерскиот комплекс“ во Вонсан.
Оваа станица, каде што е забележан возот, традиционално е резервирана за користење за семејството Ким. Според кореспондентот на CNN Вил Рипли, ова сугерира дека нешто големо се случува во тајната држава.
„Воз, кој веројатно му припаѓа на Ким Џонг-ун, е забележан пред неговиот луксузен комплекс на плажа во Вонсан. Фактот што неговиот воз е таму не докажува или не побива ништо во врска со неговото здравје. Но, Ким Џонг-ун секогаш до овој ресорт патува со авион или со кола. Кога здравјето му е во ред, тој преферира да лета со својот приватен авион“, вели тој за британскиот „Express“.
„Воз е нешто што би го користел во некоја многу посериозна, посвечена и поформална ситуација. Овие снимки сугерираат дека Ким Џонг-ун планира многу сериозна процесија надвор од Вонсан. Нешто што не е итно, како што би бил итен медицински лет“.
„Колку што знаеме, татко му пoчинa во овој воз. Јасно е, нешто големо се случува во Северна Кореја. Државните медиуми молчат веќе со денови“, додава Рипли.
Претходно, и висок неименуван преставник на Пентагон, за Newsweek, изјави дека присуството на возот во Вонсан и отсуството на Ким Џонг-ун од неколку важни настани во Северна Кореја им даваат основа на извештаите за неговото влoшeно здравје.
Тој рече дека најновите сателитски снимки може да сугерираат дека во тек се подготовки за погpeб, како и дека Северна Кореја намерно го одолговлекува соопштението за неговата cмpт за да се осигура дека се подготвени сите безбедносни мерки.
Шпeкулациите за здравјето на Ким Џонг-ун се појавија откако тој не присуствуваше на годишнината од раѓањето на севернокорејскиот основоположник и негов дедо – Ким Ил-сунг, на 15 април.