Снежeн коридор во Јапонија

Зимата е времето во кое снегот се наталожува, децата се радуваат на меките бели килими, а возрасните се грижат  како ќе стигнат до работа, меѓу патиштата кои се уште не се исчистени.

Во Јапонија сепак, снегот е малку различен … Тој е уредно снежен коридор, со импресивна височина од 20 метри.
Ако некогаш сте се почувствувале клаустрофобични, кога сте биле опколени од високи ѕидови, тогаш како би се чувствувале во оваа неверојатна цевка, која е направена по расчистувањето на тонови снег?

1,en

Фотографиите  се од патот  Татеема Куробе. Тој е лоциран во северниот дел на јапонските Алпи, а како снежен коридор импресионира со својата неверојатна висина …

Прочитајте и:  Обилни снежни врнежи во Турција: Затворени училишта и спасени стотици граѓани

2,en

На  Алпите, туристите можат да уживаат во повеќе убави и величествен глетки, а една од нив  е овој коридор, по кој минувајќи нема како да не се почувствуваме како некои сосема ситни суштества, на позадината на природата и нејзините стихии …

3,en

Целиот пат е долг речиси 90км.

Ако мислите дека преминот низ овој снежен канал е можен единствено и само со автомобил, тогаш грешите. На патот поминуваат  различни видови организиран превоз.

4,en

Итересното е дека овој снежен коридор успева да се пополни со снег секоја зима.

На  почетокот на туристичката сезона,  машините повторно го откриваат  патот, скриен под 20 метарски снежни покривката.

5,en

 

Овие неверојатни фотографии дефинитивно воодушевуваат

6,en

- Реклама -