Снегот и температурите под нулата не ги спречија демонстрантите денеска повторно да излезат на протест пред Собранието на Република Македонија против уставните промени.
Граѓаните кои ја блокираа улицата пред Собранието извикуваат „Македонија, Македонија“, „Предавници“, „Платеници“. Тие ги повикуваат пратениците и претседателот Ѓорге Иванов да им се придружат на протестот за да се спротивстават на промената на името.
На денешниот протест се очекува да се обрати и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој вчера заедно со пратениците од неговата партија се придружија на протестот.
Повеќе фотографии од протестот пред Собранието погледнете на „Макфакс“.