Снаодливо слонче

На слончињата воопшто не им е лесно да се решат од непријатното чувство на чешање. Сепак, ова паметно и снаодливо мало слонче дојде до фантастична идеја како да се почеша.

Паметното слонче зело со сурлата парче дрво од земјата и потоа започнало да се чеша. Ова снаодливо слонче е фотографирано крај својата мајка и брат во националниот парк Кругер, во Јужноафриканската република.

646018_slonce-profimedia0253871287_f

Смешните фотографии ги направил јужноафриканскиот фотограф Шон Паркер (40) кој што живее во Дубаи, додека бил на прошетка во националниот парк.

„ Надгледувањето на слончето како се бори со чешањето беше ужасно интересно. Неговата мајка упорно се обидуваше да ги прибере своите деца и да продолжат по патот, но тоа застана и започна да се чеша. Малото слонче се занимаваше со оваа непријатност околу половина час, а мајката потоа испушти звук со кој го повика и го прекина. Најпосле, се оддалечија од моите очи“, раскажува Шон.

646016_slonce-profimedia0253871292_f

- Реклама -