Весли Снајдер вели дека има одличен однос со Жозе Мурињо, Холанѓанецот е отворен за идејата да му се приклучи на Португалецот на Стемфорд Бриџ.
Медиумите од ’Островото’ денеска објавија дека ’Специјалниот’ посакува да го донесе на Стемфорд Бриџ плејмејкерот на Галатасарај, Весли Снајдер.
Жозе Мурињо имаше одлична соработка со Холанѓанецот во Интер, Снајдер беше клучна алка од тимот на ’Нероаѕурите’ што во 2010 стигна до историската тројна круна.
Репрезентативецот на ’Лалињата’ вели дека не знае дали ’Сините’ се во потрага на играч од негов профил, но признава дека е отворен за идејата да му се приклучи на Жозе Мурињо на Стемфорд Бриџ.
„Имам одличен однос со Мурињо, останавме во контакт од времето кога соработувавме во Интер” – рече Снајдер.
„Не знам дали Челзи бара играч со моите карактеристики”.
„Во фудбалот никогаш не знаете што ќе се случи, но во моментов сум среќен во Турција”.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал